СДСМ уште тера политика, на сметка на матурантите и нивната иднина. Власта да ја надмине сопствената суета и да ги поддржи предлог измените во Законот за средно образование, во кои се целосно внесени забелешките на матурантите. Предлог измените во Законот за средно образование предвидуваат матурантите оваа година наместо 4 да полагаат два предмети, македонски јазик и литература, и еден изборен предмет, кој е сроден со факултетот на кој што сакаат да се запишат.
Намалениот обем на матурата оваа година, е обврска за државата, затоа што учебната година почна со еден месец задоцнување, а часовите наместо 45 минути траеја 35 минути, истовремено и не сите ученици имаа пристап до интернет или средства за електронски комуникации.
СДСМ не смее да биде пречка за иднината на матурантите. Овде не се работи за нивните фотелји, туку се работи за иднината на нашите деца.
Матурантите кои протестираат имаат право и со право се гневни на системот предводен од Царовска кој е трул. Оттука апелираме и Царовска да запре со притисокот врз матурантите, кој го прави преку директорите на училиштата. Притисокот врз учениците и професорите мора да запре.
Дополнително ги повикуваме пратениците од групите на останатите политички партии, кои декларативно им даваат поддршка, но наводно не се согласуваат со вака конципираниот Предлог-Закон поднесен од наша страна, да поднесат амандмани во насока на подобрување на овој Предлог-Закон, а ние сме подготвени да ги прифатиме за да изнајдеме најдобро заедничко решение. Тоа е единствениот начин на кој сите заедно би покажале разбирање за проблемите на овие млади лица кои се иднината на Република Македонија.
Царовска и Заев да ги тргнат конечно рацете од матурантите, и наместо гнев, да покажат разум.
Comments are closed for this post.