Уапсен е човекот кој во напад со „Калашников“ и пиштоли смртно застрела најмалку осум луѓе во синагога во американскиот град Питсбург, во сојузната држава Пенсилванија. Според телевизијата „Си-Би-Ес“, напаѓачот е иднетификуван како 48-годишниот Семјуел Хајд.


При престрелката меѓу полицијата и напаѓачот, повредени се уште шестмина други луѓе, меѓу кои и четворица полицајци. Како што наведуваат официјални лица, тие се надвор од животна опасност.

Напаѓачот пукал во синагогата „Дрво на животот” и извикувал „сите Евреи мора да умрат”, посочиле полициски извори за „Си-Би-Ес”, наведувајќи дека тој се забарикадирал во една од просторииите на синагогата.


Веднаш по нападот, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој посочи дека будно го следи случувањето и дека државата Пенсилванија може да смета на секаква помош од неговата администрација.


Гувернерот на Питсбург Том Волф го оквалификува нападот како „апсолутна трагедија”.

Локалната полиција соопшти дека добила повици од луѓе кои биле забарикадирани во зградата.