Полни одделенија за интензивна нега, тријажа-шатори пред болниците, катастрофални бројки на починати: Португалија е на колена по третиот бран коронавирус. Толку многу, што на помош стигнува дури и германскиот Бундесвер, пишува Дојче веле.
Болничките возила, јавува дописникот на Дојче веле од Португалија, Јан-Филип Шолц, делумно мора да чекаат со часови за да ги предадат пациентите во преполните клиники. Со 850 тешко заболени Ковид-пациенти одделенијата за интензивна нега се речиси комплетно полни, близу 6700 други заболени се лекуваат во обичните одделенија. Пред одделни болници се подигнати тријажа-шатори: во нив лекарите, врз основа на нивото на кислород и телесната температура, одлучуваат кои новопримени пациенти треба да имаат предимство за третман.
Со итно темпо се подигаат монтажни болници за прифаќање на заболените. Жоао Рокет од Англискиот универзитет Лисабон објаснува дека и кошаркарската сала во неговиот факултет е пренаменета за сместување на 150 Ковид-пациенти.
Спортските хали се флексибилни, тоа е предноста. Тие прилично едноставно можат да се претворат во привремени болници. Многу потешко е да се најде соодветен медицински персонал и да се одржува болницата.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.