Германската канцеларка Ангела Меркел се појави на јавниот ТВ канал АРД за да го појасни курсот на владата во пандемијата на коронавирус. Рече дека е свесна за несигурноста кај граѓаните и апелираше да имаат трпение, пишува Дојче веле.
Некои набљудувачи сметаат дека рестрикциите може да бидат продолжени до април. Меркел во секој случај не објави поинаква, попозитивна порака: „Отворање за 14 дена, по што повторно би се нашле соочени со експоненцијален пораст, не би било решение“. Притоа, намалувањето на бројот на нови инфекции покажува дека мерките дејствуваат. „Тоа е добар успех, но уште немаме контрола над коронавирусот преку заводите за јавно здравје“, истакна канцеларката.
На тоа се надоврзува и неизвесноста предизвикана од мутациите на коронавирусот, кои можби се многу позаразни. Затоа, Меркел ја пофали дисциплината на мнозинството луѓе во Германија. Земјата е на добар пат, но: „Единствен ризик се мутациите од Велика Британија и од Јужна Африка да ни ја пореметат сметката, зашто се многу поагресивни.“
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.