Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Хрватска синоќа во 00.28 часот во областа Петриња. Хрватската сеизмолошка служба објави дека интензитетот во епицентарот бил III-IV степен од скалата ЕМС.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил помеѓу Петриња и Сисак. Посетителите на веб-страницата на ЕМСЦ наведуваат дека земјотресот бил силно почувствуван во Мошченица, пренесува порталот Индекс.хр.
Comments are closed for this post.