Зошто да донесеш подобар стандард за граѓаните, кога може да ги однесеш во соседството и да пазарат поевтино, е новото правило на владејачката СДСМ. Од ветувања за носење на големи инвестиции како Гугл, Фејсбук, Фолксваген и ИКЕА, стигнавме до носење на луѓе со автобуси да пазарат во Лидл.

Изминатиов викенд комапинијата Јоцо Турс на совеникот на СДСМ, Јовица Јанчиќ во Совет на Општина Старо Нагоричане организираше групен организиран превоз за пазарење во маркетот Лидл во Врање, Србија. Секако, можноста ја искористија голем број на граѓани кои според пишувањата на некои медиуми наполниле дури пет автобуси. Оваа крупна инвестиција на владејачката СДСМ беше топ тема во српските медиуми, но не во позитивна конотација, туку негативна, едноставно станавме држава за подбив во тамошните медиуми.

Но, тоа не е најтрагичното во целиот настан, туку тоа што стотици луѓе кои во Македонија не можат да испазарат за живот и да ги набават потребните намирници за семејството, платиле автобуска карта да пазарат во друга држава и да им биде поисплатливо и покрај парите дадени за прревозот. Да биде иронијата поголема, таму ги носи партијата која им ветуваше живот, враќање на средната класа и подобар стандард. Но, и партијата која 4 години владеење се фали дека со наводни успеси, кои како што сега гледаме самата си ги демантира со вакви потези.

За прв пат од историјата на независна Македонија, граѓаните имаат потреба основните намнирници за живот да си ги набават во странство бидејќи се поевтини. Така некако отприлика изгледа враќањето на средната класа и подобриот стандард.

Сепак, за да биде трагедијата уште поголема сето ова се случува за време на пандемија, кога самата власт од една страна не препорачува патувања без посебни потреби, а потоа организира вакви тури, но очигледно ова е голема потреба. Што значи сиромаштијата на македонските граѓани доведе до тоа да си ги ризикуваат сопствените животи, групирајќи се во автобуси, само за да пазарат за да имаат што да јадат дома со семејството.

Секако за ова вината е кај власта, пред се СДСМ затоа што наместо подобар живот донесе сиромаштија за граѓаните, а потоа им ги ризикува животите носејќи ги во Врање на пазарење. Далеку сме од ветениот живот, но и далеку сме од крупни инвестиции па дури и на маркети. Дотогаш, вакви викенд тури ќе бидат најголемиот проект на власта во полето на инвестициите.

 

извор Курир