„Лебедовата песна“ на Билјана Ивановска-Првата антикорупционерка ќе поднесе оставка или ќе биде разрешена?



Ние веќе почнавме да го градиме тоа чувство дека поддршката од власта е декларативна. Владата искочи со јака политичка волја, го донесе законот за Комисијата и во тој закон беа утврдени јасно и прецизно надлежностите на Комисијата, меѓутоа и правата на Комисијата во смисла на тоа како таа ќе успева да ги обезбедува податоците итн. Ние за да си ја исполниме улогата треба да имаме одредени можности, не сме само за сликање.

Оваа вчерашна изјава на првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, колку и да звучи храбро, сепак не е ништо друго освен обичен обид за прикривање на неисполнетите очекувања од работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и барање виновник за сопствениот неуспех. Впрочем, префрлањето на вината за несупехот во борбата против корупцијата само потврдува дека Ивановска ја промашила самата суштина на постоењето на Комисијата, анализира „Пресинг ТВ“.

Зашто, во природата на секоја власт, на секоја влада, па и на оваа нашата, е да не сака контрола од што произлегува и потребата од постоење на антикорупциски тела, што значи и на нашата ДКСК. Токму затоа тие не се под контрола на владите, туку на парламентите. Оттука, по ваквата изјава на Ивановска, следуваат две можности-или таа самата да поднесе оставка или Собранието, чиј орган е и Комисијата, да ја разреши! А, тоа може да се случи уште деновиве, кога на дневен ред на Собранието треба да се најде извештајот за работата на Комисијата за изминатата година.

Поплаките на Ивановска за условите за работа на Комисијата едноставно не држат вода. Прво, затоа што адресата на која требало да се обрати за помош не е Владата, туку Собранието. И второ, зашто сегашните услови не можат ни одблизу да се споредат со условите на првиот антикорупциски состав, кој до сега се покажа како најуспешен во борбата против корупцијата. И тука се поставуваат прашања од типот, на пример, зошто донацијата во хардвери од ЕУ со години стои во подрумот на Министерството за правда и Комисијата до сега не ја има подигнато, зошто не беше реализирана помошта од САД…Или, зошто антикорупционерите, воопшто, чест на исклучоците, тргнаа по стапките на „Чарлиевите ангели“ од некогашното СЈО за себепромоција и се претворија во обични политичари, па кокетираа де со власта, де се опозицијата, де со невладиниот сектор?!

Последниот состав на ДКСК беше избран со многу помпа и нормално беше дека и очекувањата на граѓаните за борба против корупцијата ќе бидат многу поголеми. Меѓутоа, од досегашната пракса непобитно произлегува заклучокот дека антикорупционерите, повторно чест на исклучоци, се тотално неподготвени и нестручни и за кривично, и за управно, и за прекршочно право! Предметите од сите овие области им паѓаа како зрели круши пред надлежните институции.

Да биде иронијата поголема, вината за тоа, наместо во сопствените редови, упорно продолжуваа да ја бараат на друго место. Што, пак, е во директна спротивност од препораките на Прибе-институциите да се соочат со сопствена одговорност! И тука не играат никаква улога просторните или други услови за работа.

Еве, само да потсетиме на некои досегашни промашувања. Предметот за дивите платформи на Матка од  сарајскиот градоначалник Блерим Беџети, направи политички херој, зашто антикорупционерите, поднесувајќи му кривична пријава, вината ја адресираа кај него, наместо кај надлежните инспекциски служби на Министерството за транспорт и врски. Во делот на кривичната одговорност, антикорупционерите паднаа и на предметот на Ректорот на УКИМ. Кај него паднаа и во управна постапка околу конфликтот на интереси.

Во делот на паднатите управни и прекршочни постапки, пак, можат да се набројат примерите со поранешниот претседател Ѓорге Иванов и за случајот именувања во АРМ и за случајот со деловните простории ангажирани по престанокот на нивниот мандат. Тука е и поништената одлука на ДКСК од Управен суд за конфликт на интереси на Проректор на УКИМ. Поништена е и одлука на ДКСК од Управен суд за партиско влијание при вработување на директор на Стоматолошка клиника заради примена на закон…

Сепак, најслабата страна во работата на Комисијата е непочитувањето на законските рокови за постапување, што беше евидентирано и од страна на невладиниот сектор. Иако според нејзиниот основен закон, тој изнесува 60 дена, праксата покажа дека рокот на постапките се движи од минимум 42 до максимум 273 дена, или просечното времетраење на постапка е 5 месеци и 15 дена! Друг показател, пак, говори дека антикорупционерите не се придржуваат на законскиот рок и дека одредени предмети траат и по повеќе од шест месеци! Токму еден ваков предмет за една веледрогерија траеше цели две години, од што произлезе и прашањето дали меѓу антикорупционерите има корупција?! А, според законските одредби, неодлучувањето во законски утврдениот рок е основ за разрешување на членовите на ДКСК.

Против првата антикорупционерка е поднесена и кривична пријава, заради пропусти при одлучувањето за предмети поведени против директорот на Агенцијата за разузнавање и еден вработен во неа. А, регистрираните прекршувања, пак, сега се „премостуваат“ со барање за измени во законот за работа на Агенцијата!

Но, можеби најголемиот блам на антикорупционерите е нивната одлука за поништување на указите на екс-претседателот Иванов, што беше основа за реакција и на актуелниот претседател Стево Пендаровски и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Не правејќи разлика во донесувањето одлуки на шефот на државата како уставна категорија, антикорупционерите станаа главни виновници за испраќањето шеф на воената мисија во НАТО, кој не доби агреман за извршување на функцијата.

Иванов се уште без одговор

На 18 декември минатата година, екс-претседателот на државата Ѓорге Иванов упати писмено барање до Билјана Ивановска за доставување информација за состојбата и статусот на отворените предмети против него-за потпишување на указите за унапредување на генерали за време на изборен процес и за зголемување на имотната состојба. Уште истиот ден антикорупционерите „со индигнација“ ги отфрлија забелешките на Иванов и ветија писмен одговор. Во врска со ова, од кабинетот на Иванов го добивме следниот одговор:

-По однос на вашето прашање, уште еднаш потврдуваме дека немаме добиено никаков одговор, а во врска со нашето барање за информации доставено до претседателката на ДКСК, иако јавно се обврза дека ќе достави-велат од Кабинетот на Иванов за „Пресинг ТВ“

Дополнително, поранешнмиот претседател Иванов преку ополномоштен адвокат побара и на 29.12.2020 година адвокатот изврши увид во документацијата за двата предмети за кои претседателката на ДКСК уште пред 20 месеци сензационално објави во јавноста дека ги покренува. Од увидот можеше да се констатира дека сите рокови за постапување по предметите се прекршени, спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Поконкретно, за предметот „генерали“, и покрај тоа што два надлежни суда ја потврдија незаконитоста на решението на ДКСК и истото го поништија, предметот од ноември 2019 година формално се уште не е затворен. Повторно надвор од сите законски рокови нема никакво решение, ниту било какво друго дејствие.

Што се однесува до предметот „имотна состојба“, претседателкката Ивановска четири месеци го држеше во фиока, иако имаше јасни препораки од Финансовата полиција. Дури на 13 јануари годинава, на веб-страната на ДКСК е објавена одлука, архивирана со датум од 8 јануари 2021, во која стои дека за предметот 08-1676/1 од 18 март 2019 година, оформен по сопствена иницијатива, а по добиени информации од медиуми(!) за зголемување на имотната состојба на претседателот Иванов и неговото семејство, ДКСК нема елементи за понатамошно постапување и го стопира.

 

 

 

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

„Адинг“ засадува за идните генерации

пред 6 часа
Македонија

Жена ти, сестра ти, устата смрдена да ти ја… – недолично и насилно однесување на пратеникот Димитар Апасиев

пред 23 часа
Македонија

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија

пред 23 часа
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Со СДСМ дишевме алпски „ајро“

пред 2 дена
Македонија

Ахмети го напаѓа, Таравари го брани Курти

пред 3 дена
Македонија

Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува

пред 4 дена
Македонија

Каде исчезна бесплатниот превоз на Данела?

пред 4 дена
Македонија

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи

пред 4 дена
Македонија

Прес конференција на Курти и Мицкоски: Време е за решавање на економските прашања

пред 4 дена
Македонија

Возењето со такси во Скопје ќе стане луксуз

пред 1 нед.