Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека прашањето за словенечко-хрватското разграничување е решено со договорот за арбитража на границата и дека ова прашање не е поврзано со одлуката на Хрватска да прогласи ексклузивна економска зона на Јадранот.
Морската граница беше одредена со арбитражниот договор, како и главниот тек на копнената граница, а се уште не е утврдено само како да се имплементира оваа одлука на арбитражата, рече Пахор во синоќешното интервју за словенечката телевизија, пренесе хрватскиот портал Индекс.
Одговарајќи на прашања во врска со односите со Хрватска, Пахор повтори дека прашањето за границата веќе не претставува проблем за Словенија и рече дека е убеден дека арбитражното решение порано или подоцна ќе биде спроведено на терен.
Хрватска не ја признава арбитражата и сака конечното решение да се постигне со билатерален договор.
Comments are closed for this post.