Мексиканскиот претседател Андрес Лопез Обрадор е позитивен на коронавирус, пренесе Би-Би-Си.
Тој на својот профил на Твитер напиша дека има лесни симптоми и дека е оптимист за текот на болеста.
Веста доаѓа во време кога неговата земја веќе има над 150.000 смртни случаи од коронавирус.
Обрадор изјави дека ќе продолжи да ги извршува своите должности од дома, вклучително и разговорот со рускиот претседател Владимир Путин за набавка на руската вакцина против Ковид-19.
Comments are closed for this post.