Маж од Косово со привремен престој во Словенија кој допатувал од Белгија е првиот регистриран случај на новиот британски вид на корона вирусот во земјата. Веста дека во Словенија има откриен случај на новиот вид ја потврди премиерот Јанез Јанша, кој веднаш ги информирал белгиските власти.
На вчерашната вонредна прес-конференција, совенечкиот премиер соопштил дека човекот за да влезе во Словенија покажал негативен тест иако имал и друг кој бил позитивен. Тој, како што рече Јанша е ставен во изолација и се проверуваат неговите контакти.
Олабавување на рестриктивните мерки ќе се разгледуваат повторно во Словенија, пред се заради можноста во земјата да има повеќе случаи на новиот вид на корона вирусот.
Comments are closed for this post.