Врз основа на одлуката на Управниот Одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ)донесена на14.01.2021 година, наградата за животно дело во областа на архитектурата и градителството “Андреја Дамјанов” за 2020 година е доделена на Ѓоко Радовановиќ, дипломиран инженер архитект од Скопје.
ААМ ја додели оваа награда откако сите членови на Комисијатапоединечно изразија поддршка за кандидатурата на архитект Ѓоко Радовановиќ и едногласно поднесоа предлог- одлука до У.О. на ААМ за негово прогласување за добитник за 2020 година. Членови на Комисијата беа: Мартин Гулески, д.и.а., претседател; Миодраг Митровиќ, д.и.а., член; Виолета Бакалчев, д.и.а., член; Јана Гугулоска Ѓорѓевиќ, д.и.а., член; Ѕвонко Тасевски, д.и.а., член.
Наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” е востановена на 28 декември 1989 година, во чии рамки Академик Крум Томовски свечено бил прогласен за прв Лауреат. Наградата се доделува врз основа на јавен повик на кој можат да се пријаваткандидати – државјани на Р.С.Македонија, додека право на поднесување на предлози имаат само членови на ААМ. Добитникот на наградата автоматски станува редовен член на Архитектонска Академија на ААМ.
Ѓоко Радовановиќ е роден во Подујево, во 1949 година. Средно образование, насока архитектонски техничар, завршува во Ниш (1967), а Високото образование го продолжува на Архитектонскиот Факултет во Скопје. Радовановиќзад себе има богато архитектонско творештво. Креатор е на проекти и објекти кои оставиле значаен белег на современата македонска архитектура.Автор е на 124 проекти, од кои негови позначајни архитектонски дела се:Соравиа Центар Скопје (“SoraviaCenter Skopje”), СоравиаРесорт Скопје (“SoraviaResort Skopje”), С.Ц. “Јане Сандански”, “Вила Дарко Панчев”, индустриски објект “Рио Кафе” и многу други.Во доменот на изработка на специфични проекти, се јавува како автор на “Студија за монтажни соларни куќи” и на “Студија за монтажни санитарни кабини”.За успешната кариера на Радовановиќ зборуваат и досегашните две големи награди за архитектура, доделени под покровителство на Претседателот на Р.С.М. – за Спортскиот Центар ,,Јане Сандански” (2014)и за „Индивидуален станбен објект со посебен режим на домување“ во Скопје(2016).
Comments are closed for this post.