Пратеници во чешкиот парламент се степале затоа што некои од нив не носеле заштитни маски за лице.
Чешкиот парламент расправал за поддршката на вонредните мерки поради пандемијата коронавирус, а независните пратеници Лубомори Волни и Марјан Бојко дошле на седницата без маски.
Откако зборуваше Бојко, а претседавачот со седницата Томаш Ханзел му рече на пратеникот дека треба да се срами и побара да стави маска на лицето, збор доби Волни.
За време на неговиот говор, независниот пратеник ја нарече партијата на Ханзел „корумпирана партија“, а претседавачот, откако еднаш го предупреди, му го исклучи микрофонот на пратеникот поради навредлив говор.
По ова, Волни тргна кон местото на претседавачот со намера да се обрати преку неговиот микрофон, а потегот се претвори прво во турканица, а потоа и во отворена физичка пресметка на Волни со други пратеници.
Comments are closed for this post.