Варијанта на коронавирусот, што првпат беше откриена во Велика Британија, е детектирана во најмалку 60 држави, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека тоа е 10 земји повеќе отколку една седмица претходно.
Мутацијата првпат откриена во Јужна Африка, за која се верува дека како и онаа од Велика Британија е позаразна од останатите, сега е пријавена во 23 земји и територии, објави СЗО во своето неделно ажурирање на податоците.
Се додава дека бројот на нови смртни случаи се искачил на рекордно високо ниво од 93.000 во однос на претходните седум дена, со пријавени 4,7 милиони нови случаи во истиот период.
Comments are closed for this post.