Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис денескa одобри испраќање војска на границата со Мексико за да се спречи караванот нелегални имигранти кои доаѓаат од Централна Америка.
Одобрението на Матис не го опфаќа точниот број на војници, но вчера се говореше за бројка од 800 војници.
Претседателот Доналд Трамп, ситуацијата со караванот мигранти, кој преку Мексико се приближува кон границата на САД, вчера ја оцени како „национална вонредна состојба”.
Испраќам војска за таа вонредна ситуација. Тие (имигрантите) ќе бидат запрени!, напиша Трамп на Твитер вчера.
Се споменува бројка од 800 до 1.000 војници, но според законот тие се спречени да земат учество во пограничната служба, имаат само право на самоодбрана и не можат да користат оружје за стопирање на нелегалните имигранти.
Comments are closed for this post.