Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти денеска дека открила ќелија на терористичката организација Исламска држава, која планирала да изврши терористички напади во Москва.
Шесте членови на тајната ќелија се уапсени во московскиот регион, се вели во соопштението на Федерална служба за безбедност .
Од ФСБ информираат дека притворените планирале да извршат големи терористички напади во Москва, „користејќи огнено оружје и импровизирани експлозивни направи.
За време на претресот им беше запленето автоматско оружје, како и пари, технологија за комуницирање, извештаи за процесот на подготовка на терористички напади и прирачник за составување експлозивни направи, наведуваат од ФСБ.
Comments are closed for this post.