Дипломатијата посилно да се ангажира во пресрет на новата туристичка сезона. Минатата година беше целосно изгубена за туристичките агенции, за тоа да не се повтори и годинава важно им е да знаат дали и како ќе се патува оваа година. Од тоа ќе зависи и понудата со која ќе излезат на пазарот. Во моментов сите околни земји имаат различна политика кон туристите од земјава и токму тоа е најголем проблем во пресрет на летото..
Во ова време од година обично агенциите ги продаваат и првите аранжмани. Годинава интерес нема. Се јавуваат само клиентите кои лани имаат уплати кои не ги реализираа и добија вачуер за оваа година.
Според проценките на агенциите, обемот на работа во овој период е на ниво под 2% споредено со периодите кога состојбата беше нормална.
Comments are closed for this post.