Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди денеска дека поради скокот на бројот на заразени и починати од коронавирус, Германија ќе остане затворена до април.
Според институтот Роберт Кох, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 12.802 лица, а починале 891 лице.
Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на пратениците од нејзината конзервативна партија дека рестриктивните мерки поради коронавирусот ќе останат на сила во Германија до почетокот на април, пренесува Билд повикувајќи се на учесниците на состанокот.
Ако не успееме да го запреме овој британски вирус, до Велигден ќе имаме десет пати повеќе бројки. Потребни ни се уште 10 недели остри мерки, рече Меркел.
Според институтот Роберт Кох, во последните 24 часа во Германија се заразиле 12.802 лица со ковид-19, а починале 891 лице. Вкупниот број на жртви на коронавирус се зголеми на 41.577, а заразени на 1.933.826.
Тековните мерки за затворање се во сила до крајот на јануари, но веќе има индиции од неколку федерални провинции дека строгите мерки можат да бидат продолжени во февруари.
Од понеделник, во сила се дополнителни мерки за ограничување на контактите, според кои на членовите на едно домаќинство им е дозволено да се состанат со најмногу едно лице од друго домаќинство.
Во повеќето федерални провинции, мерка за ограничено движење од 15 км радиус стапи на сила за градовите и областите со седумдневна инциденца поголема од 200.
Мерките за забрана за работа со угостителски, културни и спортски објекти, како и целата малопродажба, со исклучок на продавниците за секојдневни потреби и аптеките, се во сила уште од претходно.
Comments are closed for this post.