Истрагата ќе покаже дали некаде има одговорност или не, рече денеска премиерот Зоран Заев за пожарот во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
Според Заев, „Глобал“ не е на Општината, туку е колективен центар, 90 – 95 отсто во приватна сопственост.
Премиерот најави дека доцна вечерва ќе замине за Струмица и од утре, како што рече, ќе биде на располагање во активностите за средување, расчистување и помош на граѓаните, сопственици на дуќани и тезги, кои претрпеа економски штети.
Општината не е сопственик, освен Комуналец – Струмица каде што е сопственоста на пазарот, дел од сопственоста на катната гаража и деловниот простор. Како кај сите колективни објекти, каде сите сопственици во влезот се должни и одговорни да ги метат скалите, да сменат светилка, да ја одржуваат хидрантната мрежа, така и во овој колективен објект, дуќанџиите, тезгаџиите, Комуналец, сите внатре тоа треба да го тераат. Видовме дека вода има, хидрантска мрежа има, на влезниот дел што оди кон пазарот кој е на приземје имало пукната цевка, но тоа е во постапка на санирање, хидрантска мрежа, плински и противпожарни боци имало, но многу е важно да бидеме солидарни, да им помогнеме на сите луѓе кои економски изгубија се што имаат, робата, тезгите, стотици илајди евра штета. Треба да им помогнеме брзо да се врати сјајот на „Глобал“, симболот на европска Струмица од кој живеат многу семејства не само во градот, туку дури и од регионот, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања.
Многу ми е драго, додаде, што вчера истрагата завшри, а денеска почнува организацијата за расчистувања на „Глобал“.
До вечер сум на работа, потоа се враќам за Струмица и од утре, за време на Бадник и Божиќ, сум на раполагање да помогнам во целата техничка организација за расчистување, отворање посебни сметки, анимација на граѓаните, потенцира Заев.
Пожарот во „Глобал“ избувна на втори јануари пред полноќ.
Comments are closed for this post.