Лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас кој има чести средби и контакти со Зоран Заев е фотографиран со водачот на Земунскиот клан Владимир Јовановиќ- Јапанац.
Како што пишува весникот „Ало“ Ѓилас и Јапанац се фотографирани непосредно пред Јовановиќ да биде уапсен пред крајот на минатата година. Ѓилас не ја демантирал фтографијата со припадникот на Земунскиот клан.
Јовановиќ има богато криминално досие и во 2007 година беше уапсен во Македонија и потоа екстрадиран. Оттаму избега во Италија каде го промени идентитетот.
Јовановиќ е заведен во „белата книга“ на криминалот во Србија, која е објавена по атентатот на Ѓинѓиќ, како соработник на Душан Спасоевиќ и член на сурчинско-земунскиот клан. Тој е уапсен во декември минатата година под сомнение дека во 2000 година се обидел да изнуди 7.000 германски марки од сопственик на автомобил.
Истражниот судија му одредил 30-дневен притвор, но потоа бил ослободен поради „нарушена здравствена состојба“. Јапанац бил сведок и на судењата за убиството на Иван Стамболиќ и за обидот за атентат врз Вук Драшковиќ во 2000 година. Претходно бил осомничен и дека учествувал во атентатот на Драшковиќ, но Обвинителството се откажало од кривичното гонење. По потерница се барал и по атентатот на Ѓинѓиќ, но набрзо била повлечена.
Comments are closed for this post.