Планот и програмата за почетокот за новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе претрпи одредени измени. Сезоната наместо во Австралија ќе стартува во Бахреин.
Како што пренесува „Автомото“, причина за менувањето на трките се рестриктивните мерки кои Автралија ги има воведено за влез во земјата. Секој кој влегува во Австралија мора да помине 14-дневен карантин, нешто што не им одговара на Ф1 тимовите, пилотите и логистиката.
Сезоната ќе стартува на 28 март со трката за Големата награда на Бахреин, а не на 21 март како што беше планирано.
Титулата ќе ја брани пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон.
Comments are closed for this post.