Ивермектин, ќе започне кај нас  да се користи за лекување на пациенти заразени со коронавирусот. Агенцијата за лекови Малмед дала зелено светло на веледрогериите да може да го донесат во земјава.

Според микробиолог Никола Пановски, лекот кој досега во земајава се користел во ветеринарната служба, најдобро е да стигне со упатство за лекување на ковид.

Некој граѓани го употребуваа и во таа форма, но повеќето го нарачуваат и носеа во Грција во пакувања кое е наменето за паразитски болести. Очекувам формата која ќе се донесе кај нас да биде со упатство за лекување на ковид и да биде најмалку со по 6 таблети по 10 милиграма за да може со едно пакување да се направи терапија за човек со поголема телесна тежина. Тој единствен лек кој дава позитивни резултати во сите форми од болеста. Треба да видиме како тој ќе се издава кај нас дали ќе оди преку матичен лекар, изјави Пановски за ТВ 24.