Националната опера и балет повторно организира гала концерт по повод празникот Василица. Годинава, на 12 и 13 јануари, со почеток во 20 часот, публиката ќе слушне избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти, со симфониски аранжмани.
Публиката ќе има можност да ужива во популарните странски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска, стои во најавата за настанот.
Билетите се пуштени во ограничен број, онлајн на: www.operabalet.mk.
Comments are closed for this post.