Состојбата со коронавирусот во Франција е загрижувачка. Бројот на пациенти на дневна основа е сè уште многу голем, а во просек е далеку од посакуваните 5.000, колку што очекуваше владата во средината на декември.
Според последните податоци, во неделата се заразиле 12.489 лица. Сепак, многу позагрижувачки е фактот дека процентот на заразени во споредба со тестираните започна нагло да расте. Претходно, тој паѓаше од над 20 проценти подолго време и се спушти на само 2,8, а потоа, за помалку од една недела, повторно се искачи и во моментов изнесува 5,2 отсто.
Бројот на пациенти во болниците продолжи да расте, а за еден ден, 116 пациенти починале од коронавирусот.
Поради состојбата, претходно најавеното повторно отворање на музеите, кинта и театрите нема да се случи од 7 јануари. Во прашање е доведено и отворањето на рестораните, баровите и кафулињата, што првично беше планирано за 20 јануари.
Comments are closed for this post.