Помина 2020-та година, за која верувам дека луѓето во светот ќе ја паметат како најлошата година поради пандемијата со коронавирусот. Но, македонските граѓани, освен по пандемијата, 2020-та година ќе ја паметат и како најлошата година заради старо-новата власт на СДС и нивните секојдневни афери, крупни корупциски скандали, лошото управување со државата на штета на граѓаните и пред сѐ на погазувањето на националното достоинство.
Коалиционата влада на СДС и Заев ја заврши годината во улогата на Дедо Мраз со подарок вреден 33 милиони евра за Макпетрол и телевизија Телма, а за возврат доби новогодишна честитка во вид на наштимана анкета.
Очигледно е дека на крајот на годината, Заев разбрал дека народот повеќе не го сака покрај сите скандали во стоте дена влада. И сега последната сламка пред давење за која што се фати Заев е нарачаната анкета преку своите пиар и медиумските слуги која треба да покаже дека неговиот рејтинг сеуште е највисок.
Но, народот не е глупав, па да верува во некакви наштимани бројки. Вистината е дека рејтингот на премиерот Заев опаѓа после скандалозните изјави против својот наарод дадени во странски телевизии.
Во анкетата на телевизија Телма, стоте дена работа на старо-новата влада на СДС мнозинството граѓани ја оцениле со единица, така што ни нарачателите на оваа анкета не можат да го скријат огромното незадоволство на македонските граѓани од работата на оваа власт.
Во анкетата нарачана од телевизија Телма, главниот момент е да се покаже дека рејтингот на лидерот на опозицијата Мицкоски опаѓа. Всушност, тоа се прави со цел да се сврти вниманието на јавноста од скандалите и криминалите на СДС, а вистината е дека лидерот на опозицијата Мицкоски е најголемиот страв за оваа власт.
Колку и да ги штимаат бројките во анкетата, сепак од бројките се гледа дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ има поголема предност кај Македонците за разлика од СДСМ. Во целост бројките од анкетата го потврдуваат опозиционото расположение кај граѓаните и огромното незадоволство на мнозинството граѓани од целокупната општетствена и економска состојба во државава.
Исто така, во акнетата впечаток прави прашањето за анекс на договорот за добрососедство со источниот сосед, за гаранции на немање територијални претензии и за немешање во внатрешните работи, без навлегување во други вклучително и национални и идентитетски прашања.
Тука најбројни се испитаниците кои рекле дека воопшто не се согласуваат со тоа. Но, апсолутно сум сигурен дека мнозинството граѓани не поддржуваат територијални претензии кон било кој од соседите, бидејќи ние сме мирен народ и пријателски настроен кон било кој од соседите.
Овој дел од анкетата треба да се протолкува во насока дека јасно станува збор дека мнозинството испитаници се незадоволни и разочарани од власта на СДС и нејзиниот однос кон условите и притисоците од бугарската влада за игнорирање на македонскиот национален идентитет.
И ако веќе треба да им веруваме на анкетите, претпочитам повеќе да им верувам на анкети правени од меѓународни истражувачки агенции, како Freedom House што според нив Македонија е држава со хибриден режим со оваа власт, како трета најсиромашна држава на европскиот континент според Еуростат, на петто место во светот по смртност од коронавирусот според Франс Прес, и за разочарувањето да биде најголемо, Македонија е прогласена за најнесреќна земја во светот според истражувачката агенција Брима Галуп.
Ајде вака да ги мериме рејтинзите. Дали ќе им веруваме на домашните наштимани анкети, или повеќе ќе им веруваме на светските истражувачки агенции и нивните рангирања што ја ставаат државава на дното од демократијата, сиромаштијата, смртноста и незадоволството на граѓаните со оваа власт.
Comments are closed for this post.