Скопјанец заработи кривична пријава поради злоупотреба лични податоци на Фејсбук на друго лице.
Како што соопштија од МВР, од Секторот за внатрешни работи Тетово, кривичната пријава е поднесена против 23-годишниот Х.И. од Скопје за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.
На 28 август годинава на социјалната мрежа Фејсбук, во две групи за огласи, пријавениот, поради претходно откажана нарачка од 33-годишно лице од Тетово, објавил фотографии, лични податоци и телефонски број од истиот, во прилог на кои бил наведен текст со навреди и недолична содржина.
Comments are closed for this post.