Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се појави како сведок за настаните од ” 27 април” . Тој во 2016 и 2017 година беше член на Извршниот комитет на партијата и подоцна Генерален секретар.
Мицкоски објасни дека обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во никој случај не биле поврзани со протестите што тој период се случуваа ниту пак партијта стоела зад нив. За протестите тој рече дека биле резултат на незадоволство на народот на случувањата во државата.
И јас кога можев присуствував на протестите и ги поддржував, рече Мицкоски.
За конкретниот ден, Мицкоски бил на состанок надвор од работното место и на враќање отишол кон Собранието каде веќе имало собрано луѓе да види што се случува.
Дојдов до пред Собранието, но никогаш немав намера да влезам внатре, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.