Потпретедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ се осврна на низата скандали на власта и рече „Заев кога правел кастинг за министри прашувал дали има афери и со две можел да помине, ама со над три афери сигурно е за министер“.
Во пропагандата власта е на прва лекција. На пример, проблем е тутунот и еве една изјава која ја дадов за тутунот на 5 јули во 2020 дека со влегување на Заеви во Тутунскиот комбинат ќе се девалвира вредноста на тутунот и сега декември цената е најлоша, луѓето не можат да си ги покријат трошоците. Јас кога зборувам, зборувам за работи со докази. Јас, претседателот Христијан Мицкоски, тимот на ВМРО-ДПМНЕ им сме трн во око. Да, побараа и оставка за мене, ама Заев кога отидов на негов терен за избори во ИЕ 4, и да не истуреше пари таму и во број на пратеници ќе изгубеше, рече Николоски.
Николски се осврна и на немањето план за вакцини против корона.
Како може Вучиќ да каже нема цена за вакцини, а овие ништо не прават. Треба да одат да молат по компании. До толку се неспособни и дрва што не знаеле дека со сегашниот закон не ни можат да набават и сега вика не може ама не кажува решние, Заев знае да пушти закон како овој за ГАМА и да го блокира Собранието, ама да пушти измени на закон за да се купат вакцини не знае“, заклучи Николоски и додаде дека „неспособноста на Заев се мери со загубени човечки животи“
Comments are closed for this post.