Предложениот нов концепт за основно образование не само што е донесен на нејасен и не транспарентен начин, туку многу од неговите аспекти се недоволно или, пак, целосно лошо обмислени.
Ова, меѓу другото, се вели во денешното соопштение на Институтот за историја на уметноста и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Врз основа на се што можеше да се види досега, Институтот цени дека концептот не само што е донесен на нејасен и крајно не транспарентен начин, туку многу од неговите аспекти се недоволно или, пак, целосно лошо обмислени.
Предметот историја во основното образование е мошне важен како за учениците, така и за нас. Овој предмет е прв контакт на учениците со минатото, врз основа на кој ќе решат дали ќе студираат историја или археологија. Предметите, пак, од полето на уметностите се нивен прв контакт со естетиката и уметноста воопшто, по што некои решаваат да го изучуваат нрјзиниот развој. Затоа е многу важно тие да добијат чиста и јасна слика за минатото, а не, како што е предложено, „да го толкуваат низ призмата на граѓанското општество“. Материјалните наоди, староисточните цивилизации и средновековната сакрална уметност не може да се толкуваат низ никаква призма, освен онаа на историјата и, подоцна, на археологијата и историјата на уметноста.
Имајќи го предвид ова, како и фактот дека ниту еден член од Институтот ниту беше известен, ниту, пак, консултиран за каква било активност во врска со концептот, Институтот за историја уметноста и археологија целосно и недвосмислено го поддржува барањето на колегите од Институтот за историја. Бараме од надлежното Министерство и од Владата да запрат сите активности во врска со овој спорен Концепт, а Институтот за историја на уметноста и археологија да биде задолжително консултиран при правење на секоја идна реформа, се вели во соопштението.
Comments are closed for this post.