Истакнатиот руски научник Александар Саша Кагански (45) кој работел на вакцината против коронавирусот бил пронајден мртов со убодна рана откако паднал од прозорецот на една зграда во Санкт Петербург, пренесуваат руските медиуми.
Кагански бил во долна облека кога паднал од прозорецот на неговиот стан на 14-ти кат, пренесува „Московски комсомолец“.
Научникот имал убодна рана по телото, соопшти полицијата, која верува дека избила тепачка пред Кагански да падне од зградата.
Неговото тело го пронашол сосед на улица, додаваат руските медиуми.
Руската полиција соопшти дека смртта на научникот се испитува како можно убиство, а 45-годишен маж се испитува како потенцијален осомничен.
Кагански, најпознат по својата работа за истражување на рак, бил асистент професор во Владивосток и работел во Шкотска 13 години, додаваат медиумите.
Comments are closed for this post.