Англиските продавници синоќа беа преполни, бидејќи купувачите имаа само неколку часа да купат божиќни подароци пред да бидат затворени продавниците во Лондон и југоистокот на земјата на полноќ.

Хаосот настана откако британскиот премиер Борис Џонсон вчера попладне соопшти дека во третина од Англија – вклучувајќи го и Лондон – од полноќ ќе се воведе повисоко ниво на антиепидемиски ограничувања, пренесува Дејли меил.

Фотографиите од Оксфорд стрит во Лондон покажуваат огромен број клиенти кои ги преплавуваат продавниците за да купат подароци во последен момент пред воведувањето на мерките од четврто ниво.

Во меѓувреме, вчера се формираа огромни редици по главните улици и супермаркети во земјата за луѓето да се снабдат со неопходните продукти за Божик.