Да не се издаваат викенд куќи и било какви објекти за новогодишната ноќ, затоа што ќе следат санкции, им порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на издавачите на викенд куќи на денешната прес-конференција на која даваше отчет за сработеното во изминатите 100 дена Влада.
Овие мерки никој не ги посакува, но се неизбежни во овој период. Треба самите да си помогнеме. Нема забрана за издавање на викенд куќи за семејства. Но кривично дело е издавање викендици на групи на луѓе. Превентивно реагираме на издавачите на викенд куќите. Ќе има засилени контроли. За полицијата ќе има многу работа, но здравјето на граѓаните е врвен приоритет и ќе се прави увид и во викендиците и ќе следуваат казни. Сериозна одговорност е издавањето на вилите, истакна Спасовски.
Comments are closed for this post.