Амбасадата на Украина во Босна и Херцеговина се обратила до министерството за надворешни работи на БиХ и побарала информации за позлатената икона која претседавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик му ја подарил на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред два дена во источно Сараево, дознава босански Кликс.
Додик му ја врачил позлатената икона за време на средбата во седиштето на владата на Република Српска во источниот дел на Сараево.
На задниот дел на иконата има и печат како доказ дека станува збор за оригинален примерок.
Поради тоа, амбасадата на Украина денес побарала информација за потеклото на иконата која била создадена пред околу 300 години и најдена во Луганск, во Украина, и побарала детални информации за предметот, кој може да е дел од украинското културно наследство.
Сметаме дека недавањето јавен, неодложен и несомнен демант од највисокото раководство на БиХ е информација што го поврзува наведениот подарок со поседување или пренос на каков било начин на културни, историски или верски вредни предмети со потекло од Украина, се наведува во писмото.
Украинците наведуваат дека Луганск привремено се наоѓа под окупација на Руската Федерација, а непружањето информации за иконата која е украинско културно наследство би значело поддршка на агресивната политика и воените акции на Руската Федерација против Украина што веќе резултирало со смрт на многу илјади украински граѓани.
Доколку се утврди дека кај Додик се нашол предмет што навистина е дел од украинското културно наследство, а тој го подарил, тоа ќе биде нов меѓународен скандал на БиХ, овојпат во режија на Додик.
Comments are closed for this post.