Социјалистичката партија на Словенија упати повик до претседателот, премиерот и министрите да се заложат Република Словенија, по пример на голем број земји, да го повлече признавањето за Косово и да го поддржи територијалниот интегритет на Република Србија.
Во писмото од партијата се наведува дека Словенија во 2008 година направила „голема грешка со признавањето на независноста на дел од територијата на братската земја Република Србија”.
Косово и Метохија е составен и неделлив дел на Србија, како што пишува и во Резолуцијата 1244 на ОН, наведува словенечката партија.
Од партијата додаваат дека Косово и Метохија, според меѓународното право е „јужната покраина на нашата братска земја“ и дека десет години по признавањето се уште е очигледно дека Косово од почетокот на југословенската криза од 1980 година е инструмент на Западот.
Американската база Бондстил на Косово создава немири на јужната граница на Србија и во Косово, а таквата пракса е насочена кон братска Србија, братска Русија, Словенија и Европа, се вели во писмото на Социјалистичката партија на Словенија.
Comments are closed for this post.