Премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање денеска, на прес-конференцијата одржана по повод оствареното во првите 100 дена од Владата, рече дека доколку не се свика лидерска средба до крајот на годината, која од Претседателот на државата ја побара лидерот на опозицијата, лидерска ќе свика тој и на неа ќе се разговара за сите важни прашања од интерес на граѓаните и за државата, меѓу кои и процесот на евроинтеграциите и справувањето со КОВИД-19 кризата.
За сите прашања од интерес на граѓаните можеме да продискутираме. Знаете дека во тек е проект на којшто сакаме да градиме национален или народен консензус во државата, тоа е проектот за Клиничкиот центар. Време е и опозицијата да прифати дека можеме конечно да застанеме зад една важна работа, рече премиерот Заев оценувајќи го овој проект како најголем за државата, за кој Владата е подготвена да соработува со опозицијата.
Тој подвлече дека е потребно зад големите проекти да се соработува заеднички и со опозицијата.
Comments are closed for this post.