Камерниот оркестар Скопски солисти, предводен од познатиот македонски обоист Васил Атанасов, на 14 декември во 20 часот во Филхармонија ќе го одржи вториот концерт за оваа јубилејна година насловен “Нашите од Европа“, на кој како солист ќе настапи кларинетистот Благој Ламњов, а диригент ќе биде Виктор Митревски.
Ова е втор концерт по повод одбележување 20 години јубилеј на Скопски солисти.
Репертоарот содржи дела од Комитас, Штамитц, Сибелиус и македонската народна песна „Сербез Донка“ која ќе биде изведена во преработка и аранжман на Карл Јохан Анкарблум.
Јас сум првпат поканет да свирам на еден ваков посериозен концерт во С Македонија и навистина сум благодарен на професорот Васил Атанасов што пред се го одржува овој ансамбл. Имам продуцирано мали концерти и еден албум и знам колку е тешко да се продуцира еден концерт, истакна Ламњов.
Митревски, работи како слободен уметник во Виена. Тој истакна дека е најчесто активен во виенскиот градски театар, каде најчесто се прикажуваат оперски продукции со модерна режија. Активен е како хор мајстор и диригира детски опери.
Comments are closed for this post.