Од 24 до 27 декември ќе се одржи Малиот новогодишен саем на книги! Саемот ќе обедини осум издавачки куќи кои ќе ви ги претстават своите најнови и најпопуларни изданија.

Од 24 до 27 декември ќе можете да ги посетите нашите штандови во Градски парк- Скопје и да ја разгледате целата понуда.

Дополнително, изданијата ќе бидат достапни и за достава почнувајќи од 21 декември, до сите градови во Македонија! (*каталог на изданија, наскоро)

Учесници: Темплум, Бегемот, Сказнувалка, Или-или, Чудна шума, Гаврош, ПНВ публикации, Слово

Воедно, подготвуваме и онлајн книжевни содржини, соопштуваат организаторите.

Малиот новогодишен саем на книги обединува осум издавачки куќи кои ќе ги претстават своите најнови и најпопуларни изданија – за да се држиме будни во зима!