За имот што не се користи и нема да се пријави ќе се плаќа повисок данок. Со оваа мерка ќе бидат опфатени фирмите и општините, а нема да куртулат ниту граѓаните, пишува Дојче веле.
Сите оние кои што имаат по неколку станови и куќи, но и земјоделско земјиште коешто не го користат, ќе треба на државата да и платат неколкукратно поголеми даноци на имот од досега. Оние кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок. Од ваквата мерка нема да бидат изземени ниту фирмите, општините, но и државата, која има имоти во своја сопственост, но воопшто не ги користи или ги остава да пропаѓаат.
Премиерот Зоран Заев овој проект неодамна во интервју за ДВ пластично го опиша на следниот начин: „Ти биди си богат, ама ќе платиш поголем данок!”. Идејата со законот е драстично да се зголеми данокот на имот за сите оние кои поседуваат недвижности, а не ги користат, вклучително и земјоделско земјиште.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.