Eкатерина Захариева тврди дека Бугарија не ставила вето, зато што вчера на министерскиот совет, како што посочи, воопшто не се расправало за проширувањето.
Бугарската позиција е јасна – бара гаранции за нејзините барања: исполнување на Договорот за добрососедство, патоказ за негово спроведување, декларација дека нема претензии за македонско малцинство и употреба на јазикот според Договорот од 2017 година. Тоа го нема во преговарачкара рамка и Бугарија не може да ја поддржи, вели Захариева
Истакна дека постои разочараност на двете страни, поради неодобрувањето на преговарачката рамка и повика работата на заедничката македонско-бугарска комисијата историски и образовни прашања да не се користи за политички цели.
Таа нагласи дека бугарската позиција за неодобрување на преговарачката рамка се должи на, како што рече, неспроведуваењето на Договорот за добрососедство од 2017 година.
– Ги предупредуваме нашите соседите за ова веќе година и половина. Тие се неколку работи. Блокирање и политизација на работата на Комиисијата за историски и образовни прашања, административни пречки за бугарскиот бизнис, неофицијална поддршка на поединци и организации со тврдења за посотење на македонско малцинство во Бугарија и недостиг на напредок, односно значително одложување на Коридорот 8, додаде Захариева
Comments are closed for this post.