Поминуваат 100 дена од старо новата влада. Овие 100 дена се продолжение на низата која трае 4 долги години на промашувања, криминал и силни неуспеси. Затоа велам дека не се 100 дена туку повеќе од 4 загубени години од кои последните 100 дена се вистинско фијаско. Може да се каже дека овие 100 дена од 4 годишниот мандат на владата се најлошите 100 дена на било која влада која досега ги имала во историјата на современа македонска држава. 100 дена на загубена иднина, загубена економија, загубени животи, загубено достоинство, атакуван идентитет, загубена правда, криминал, загубена вистина и лаги, загубена штедни влогови, упропастена банка, загубени пари, илјадници загубени работни места, загуби за земјоделците, бизнисот, загубени инвестиции.
100 дена Владата на постојани ЗАГУБИ.
Ветуваа живот а после оној предизборен инжирениг во избори во кои што се служеа се, само не со предизборна програма уценуваа, се закануваа, поткупуваа, менуваа закони, буквално се, само не со политичка платформа, составија влада со ветување „Можеме повеќе, можеме подобро“, а за само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ, влеговме во економска рецесија, пропадна банка втор ТАТ афера тешка 200 милиони евра, поскапи електричната енергија, 1400 животи се загубија поради отсуство на стратегија и акутната неспособност во здравството. Во Македонија се умира поради тоа што здравствениот систем е отруен од инфицирачка неспособност да се менаџира со него. Македонија со Заев бележи загуби, загуби и само загуби. Зоран Заев им одзема на македонските граѓани 4 години од нивните животи, со најлошите 100 ден, од сите нас, од сите вас зависи колку ќе му дадеме прилика да губи.
Не знаат во економијата, во здравството се хаотични, во надворешната политика наместо со принципи и мудрост, постојано се коцкаат со идентитетските прашања. И многу лажат, тоа за нив е веќе секојдневие. Само овие работи што ги набројав, нормална држава, многу поголема и поорганизирана од нашата не може да ги издржи, а не пак нашата Македонија. Имаат многу загуби, но само дел од нив во интерес на времето ќе бидат споменати на денешната прес конференција. Ќе започнеме од економијата. Имаме економија во рецесија.
Загубите кои оваа влада ги донесе се:
- Пад од речиси 6 % на економијата во трите први квартали од почетокот на годината заклучно со третиот квартал, месец септември.
- Историски најголемо задолжување на државата, за само еден квартал повеќе од 1 милијарда евра. Буџетска дупка која што на крајот на годината ќе изнесува повеќе 750 милиони евра, раст на јавниот долг за 10 процентни поени до ниво од речиси 61%.
- Имаме поголем пад на бруто инвестициите од воениот конфликт од 2001 година. Реален пад на бруто инвестициите во три квартали од 8,8% на годишна основа.
- Нема капитални инвестиции. Нема ниту 60% искористеност од втор ребаланс за капитални инвестиции, а од првиот буџет реализација е отприлика 45-46%. Зборувам во првите 11 месеци, до крајот на годината може да се помести за некој процент.
- Наместо привлекување имаме нето одлив на странски инвестиции и тука сме убедливо најниски во регионот и во Европа. Ги нема ниту оние 5 странски инвестиции кои што Зоран Заев ги ветуваше при нашето последно соочување и дебата на Македонската телевизија пред изборите.
- Повеќе од 50 илјади наши сограѓани бараат работните места, бараат работа од јануари месец заклучно со октомври или во првите 10 месеци од годината. За отприлика 5% е намален бројот на работниците во индустријата.
- Во овие 4 години на загуби, не задолжија за 2 милијарди евра, а нема ниту еден капитален проект. Електричната енергија поскапи, а анализите на невладината Фајнанс Тинк покажуваат дека половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден.
Comments are closed for this post.