Партијата на македонското малцинство во Бугарија Омо Илинден-Пирин реагира на одбележувањето на бугарскиот претседател Радев од раѓањето на големиот македонски поет, Никола Јонков Вапцаров, кој Радев го нарекува Бугарин.
Од партијата велат дека сите песни на Вапцаров се поврзани со Македонија, во сите се спомнува за Пирин, Егеј, Охрид, Вардар…нема ниедна песна во која Вапцаров спомнува за патриотски чувства или за љубов кон Бугарија!
Бугарите дури се обидоа да му ја фалсификуваат песната „Земја“, му додадоа нови непостоечки стихови на оригиналот, во кои ги допишаа Софија, Бургас, Варна, но срамниот фалсификат им беше откриен, па го повлекоа после!
Пробаа да го фалсификуваат Вапцаров, исто како што ја присвојуваат и фалсификуваат македонската историја, исто како што ги присвојуваат и фалсификуваат не само старите, туку дури и новокомпонираните македонски песни!
Има ли нешто појасно од МАКЕДОНИЗМОТ НА ВАПЦАРОВ, кога самиот тој во 1938 година, при создавањето на МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК ВО Софија во својот говор читајќи го својот реферат ќе каже: „ Ние сме МАКЕДОНЦИ, затоа и нашето творештво треба да биде во служба на МАКЕДОНСКАТА КАУЗА!“
Comments are closed for this post.