Романскиот премиер Лудовик Орбан поднесе оставка, со што сугерира дека се откажа од обидот да стане мандатар за состав на нова администрација по вчерашните избори.
Работевме најдобро што можевме. Целта ми е да помогнам во формирање на мнозинство во парламентот без Социјалдемократската партија. Се надевам дека Либералната партија ќе има сили за мандатар на новата администрација, нагласи Орбан.
Според резултатите од 84 отсто од гласовите, социјалистите освоија нешто помалку од 30 отсто од гласовите, додека либералците добија 25 отсто. Сојузот УСР-Плус, кои најверојатно ќе бидат коалициони партнери на либералците, добија 15 отсто од гласовите.
Comments are closed for this post.