Протестот се одржува два дена пред каталонскиот национален празник „Диаде“, чие празнување последниве години сепаратистите го претворија во масовни демонстрации барајќи отцепување од Шпанија.

Приврзаниците на независноста на 1. октомври минатата година организираа референдум и покрај тоа што беше забрането од тогашната влада предводена од Маријано Рахој.

И покрај тоа, каталонскиот парламент прогласи независност на 27. окомври, но регионот веднаш беше ставен под директна управа на Мадрид, а тогашните лидери симнати од власт.

Поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон замина во егзил во Белгија како би избегнал судски процес во Шпанија под обвинение за побуна.

Шпанскиот премиер Педро Санчез вети референдум за поголема автономија на Каталонија, но истакна дека тоа ќе биде референдум за поголема автономија, но не и за независност.