По неколку предупредувања дека го нарушува текот на судењето судијката Софче Гаврилова-Ефремова, го отстрани од судница првообвинетиот Бојан Јовановски-13.
Оваа одлука на судијката Гаврилова Ефремова на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ уследи откако обвинетиот Јовановски и се обрати на судијката „дека ќе ја отстранат и затоа е сервилна“.
Заради нарушување на редот во судницата и крајно навредување, и непочитување на судот, обвинетиот Бојан Јовановски се отстранува од судница, одлучи судијката Софче Гаврилова-Ефремова.
извор: Независен весник
Comments are closed for this post.