Македонија е самостојна земја со самостоен јазик и тоа од 19 век. Уште тогаш имаше јазик со различна дијалекнта база од бугарскиот. Иако тие јазици се многу блиски, сепак се различни, вели академик Виктор Фридман за ВОА.
Заклучокот на Бугарската академија на науки дека македонскиот јазик не постои, oдносно дека е дијалект на бугарскиот, е враќање во времето на фашизмот. Ова е став на професорот Виктор Фридман, акадeмик и долгогодишен шеф на Катедрата за словенски јазици и литератури на Универзитетот во Чикаго.
Бугарите всушност, освен еден краток период од 46-та до 48-ма година, никогаш навистина не го признавале македонскиот јазик, а јас би рекол дека сегашната ситуација во Бугарија е враќање на ситуацијата во 30-тите години и раните 40-ти години. Значи времето на фашизмот кога Бугарите велат дека нема македонски јазик и дека македонскиот јазик бил бугарски. Сега велат дека сите македонски говори се бугарски, а во 99-та година нели признале македонски јазик, ама само официјалниот јазик во Република Македонија. За жал политиката на Бугарија се` уште е врзана со фашистичкиот период и тоа тешко да се промени затоа што веќе се влезени во Европа, вели Фридман.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.