Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека македонскиот и бугарскиот народ се со заедничка историја, заедничко минато

Од таа заедничка историја, минато се развиле денешните, македонскиот и бугарскиот народ. Како тоа да биде заедничко, а да биде бугарско или да биде заедничко, а да биде македонско. Заедничко е заедничко. Одговорноста останува на политичарите со сите одлуки кои ги носат. Ако се позитивни ќе останат испишани со златни букви, ако се негативни ќе испише горчина. Ние сме братски народ и треба да се поддржуваме во иднина. Нашиот македонски народ никогаш не би ставил вето и блокада на бугарскиот народ. Бугарскиот народ не сака блокада или вето на македонскиот народ. И за Гоце Делчев сме блиску во духот на заедништвото и верувам во сето она што во иднина ќе биде предизвик пред комисијата, истакна меѓу другото Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на струмичката болница.

Заев истакна и дека со Бугарија најдено е решение за пет историски личности и три историски периоди.

Подготвени сме да ги објавиме и подготвени сме да почне имплементацијата во учебниците на двете страни, посочи премиерот.