Македонската фудбалска бајка продолжува. Нова победа против Естонија од 2-1 за продолжување на шансите да се искачиме погоре во Лигата на нации и да се надеваме дека ќе играме и на СП во Катар.
Македонија на овој меч не беше стандардна и без најголемата ѕвезда Пандев кој се врати во Италија. Но, и овој комбиниран тим играше добро, создаваше шанси. Стрелци беа Влатко Стојановски и Тричковски.
Сега нè очекува уште еден меч со Ерменија нагости во среда и следува репрезентативна пауза.
Во декември ја имаме ждрепката за квалификациите за СП во Катар и се надеваме на поволна група.
По мечот Естонскиот селектор Карел Волаид со серија пофалби на адреса на македонската репрезентација која сосема заслужено славеше со 2-1 во претпоследниот натпревар од Ц-групата во Лигата на нации.
„Вашата репрезентација заврши одлична работа со пласманот на ЕП за што искрено сакам да и честитам. Тоа е голем успех за Македонија како земја. Но, тоа што сакам да го нагласам дека и денеска покажа зошто е на ЕП. Покажавте дека имате карактер, сите репрезентативци дадоа максимум дури и по еден таков историски натпревар каков што имавте против Грузија. Заслужена победа“ – истакна Волаид на прес-конференцијата по мечот, притоа и со свој коментар околу тоа кого го гледа на крајот на првото место во групата.
Comments are closed for this post.