Во болниците во Македонија во моментов се лекуваат 1049 лица потврдени или сомнителни на Ковид-19.
На Инфективната клиника, според податоците од Министерството за здравство, има 155 пациенти, од кои 134 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 27 возрасни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ се 79 пациенти, а седум се на респиратор. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 пациент, на Кожната клиника 23 пациенти.
Во болницата во Битола, пак, се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Од Министерството велат дека во меѓувреме се подобруваат сместувачките капацитети во болниците во Струмица, Гевгелија, Дебар, Ресен и Прилеп. Во Велес освен на Инфективно одделение кое е засебна зграда, од изминатиот викенд пациенти се примаат и на Одделението за физикална медицина.
Comments are closed for this post.