Преку јавен оглас да се избираат директори а не да се назначуваат вршители на должноста, порача Антикорупциската Комисија. Најголеми забелешки упатува за назначените в.д директори во здравството и образованието за каде антикорупционерите констатирале партиски назначувања без конкурси на кои би се избрал најдобриот кандидат.
Фондот за здравство од мај функционира со в.д директори, ротации на директорските места ги зафатија и скопските клиники. Само минатата недела беа назначени но и разрешени в.д директори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва меѓу кои на Бирото за јавни набавки, Фондот за осигурување на депозити, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Промени има и на раководните кадри во АД Македонска Пошта и ЈП Државни патишта.
Во врска со урбанистичкиот план кој го опфаќа и паркингот наспроти Холидеј Ин чија продажба беше направена во време на мораториум на ДУП-от, Антикорупциска и порача на Општина Центар да води сметка за Генералниот урбанистички план и да ја вклучи јавноста.
Comments are closed for this post.