Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на третиот ден од собраниската дебата за предлогот за уставен судија да биде избрана Добрила Кацарска укажа дека пратениците и јавноста никако не добиваат одговор зошто токму таа е предложена за таа функција во институција која е чувар на уставноста и законитоста.
Зошто токму Добрила Кацарска заслужува да биде избрана за уставен судија? На ова прашање ниту ние како пратеници, ниту јавноста не доби одговор. Зошто Киро Здравев, прв човек на Републичкиот судски совет не дава ниту образложение, ниту информации за кандидатот. Господине Здравев вие одговарате во Собрание зошто во Собрание сте избран за таа функција. Се надевам дека грешам, но ќе кажам не очекувам да не удостоите со одговор, со информации и образоложение за предлогот за Кацарска, рече Јанушев.
И да напоменам, рече Јанушев, Киро Здравев е избран за Апелацискиот суд во Штип во време на СДСМ, за судија во Врховен суд избран кога на власт е СДСМ.
Јанушев укажа дека „сите до еден судии во Републички судски совет се именувани за судии и дошле до функции и вработувања кога на власт е СДСМ“.
Затоа не може да ми зборувате за немашање на политиката во судството, не слушнав ниту еден аргумент зошто е Добрила Кацарска е добар предлог а уставен судија, кажа Јанушев.
Comments are closed for this post.