Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија на Уставниот суд.
Вчерашната расправа беше прекината некаде пред 18 часот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија дека овој предлог бил „награда од Зоран Заев за Кацарска.“ и обвинија дека „ова е уште еден доказ“ оти продолжува мешањето на извршната во судската власт и дека премиерот Зоран Заев „продолжува да ги наградува успешните судии.“
Comments are closed for this post.